СДММ: Младите повеќе не веруваат во виртуелната реалност на Груевски

by Фокус

Студентите, младите повеќе не веруваат во неговата виртуелна реалност, затоа Груевски зборува за диотрија, реагираат од Социјалдемократската младина на Македонија на новите проекти презентирани денеска од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-За Никола Груевски да ја види реалноста, за да ги види прокиснатите кровови и хорор услови во студентските домови, не му се потребни леќи. Груевски треба само да ги извади очилата од 60 илјади долари. И во наводно реконструираниот дел на студентскиот дом Гоце Делчев, можеме да видиме како плафоните прокиснуваат од вчерашните дождови. За 10 години Никола Груевски не изгради ниту еден нов студетски дом. Влага и мувла. Тоа го остави за студентите Никола Груевски, се вели во соопштението на СДММ.

Од СДММ велат дека СДСМ во својата Програма има сериозни мерки за младите: целосна реконструкција на постоечките студентски домови, кои ќе прераснат во современи студентски кампуси станува реалност по промените, а младинската гаранција ќе овозможи младите да излезат на пазарот на трудот или да продолжат со образованието, потпомогнати од државата.

Поврзани новости