ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можат да се договорат околу директорот на ОТА

by fokus

Власта и опозицијата сѐ уште не можат да се усогласат околу изборот на директорот на новата агенција за прислушување, поточно Оперативно – техничката агенција – ОТА, иако предлогот треба денеска да помине на собранска комисија. 

Токму поради тоа седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата од 14 часот се презакажа за 15 часот со надеж дека ќе се дојде до усогласен став.

Во игра за директор се 14 пријавени кандидати, но како што дознаваме од ВМРО-ДПМНЕ постојано се предомислувале и не сакале да подржат ниту еден од нив. Без согласност на опозицијата нема да се избере директор, бидејќи за него треба да гласаат две третини од пратениците.

Меѓу кандидатите се и професорот Стефан Буџаковски, електроинженерот Ѓорги Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски ја разоткрија аферата со масовното прислушување, потоа Димитар Богатинов експерт од сферата на сајбер криминалот и полковникот Драган Ковачки поранешен раководител во службата за Воено Разузнавање.

Иако според дел од медиумите еден од главните фаворити за директорската позиција е поранешниот министер Силјан Аврамовски, сепак тој воопшто не конкурирал, што значи дека не е во игра.

В.В.

 

Поврзани новости