Враќајки во рикверц со моторно возило прегазил работник во каменолом

by fokus

Едно лице почина откако во каменолом во струшко го прегазило товарно моторно возило, управувано од друго лице. 

– Денеска во 08:55 часот во Полициска станица Струга  пријавено е дека во каменоломот лоциран во место викано „Лабунишки ливади“ З.В.(36) управувајќи товарно моторно возило непозната марка, при враќање наназад, го прегазил С.А.(41) од село Долно Татеши, струшко, соопшти МВР.

Лицето починало на местото на настанот. Увидот е во тек.

Поврзани новости