ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе почнат преговори во понеделник во Брисел

by Фокус

НОВА ТВ дознава дека во понеделник, во Брисел е закажана првата рунда преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Претставник на опозицијата ќе биде Радмила Шеќеринска, а на власта министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Не се исклучува можноста  да има и двајца претставници на власта.

На средбата, европската страна ќе ја претставуваат тројца пратеници од Европскиот парламент : Едвард Кукан од демохристијанската група, либералот Иво Вајгл (известувач за Македонија во ЕП) и Ричард Ховит од групата на социјалистите.

Од Европската унија се надеваат дека и со една средба може да се дојде до компромис, но доколку тоа не се случи, тие се подготвени да закажат нова средба во Брисел, Стразбург или Скопје. Улогата на европските пратеници ќе биде само набљудувачка, односно тие нема да нудат решенија, туку ќе очекуваат македонските партии да кажат кои се нивните предлози за излегување од кризата.

 

Поврзани новости