Милион евра за две барокни фасади на улица Македонија

by Фокус

Нешто повеќе од еден милион евра ќе потроши Град Скопје за две барокни фасади на згради на улица Македонија. Денеска беше распишан тендер за избор на фирма која ќе го реализира овој најнов проект дел од „Скопје 2014“.

Според документите кои ги објави Град Скопје, фасадата ќе содржи декоративни елементи како што се профилирани венци на кои ќе бидат испишани натписи со позлатени букви, тераси составени од пиедестали и декоративна конструктивна плоча и прозорци во декоративни рамки. Ќе има и тендер за цвеќиња, кои ќе ги красат објектите.

Проектант и на овие барокни фасади е  Жарко Чаушевски , кој е автор на најмногу проекти од „Скопје 2014“.

 

Поврзани новости