477
На седницата на која треба да се констратира оставката на Никола Груевски, како прва точка на дневен ред се стави гласање за распуштање на Собранието на 24 февруари, 60 дена пред изборите на 24 април. Оваа точка на дневен ред ја предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, а ја поддржа и ДУИ.
-Ова е единствен начин граѓаните да одлучат сами на избори дали сакаат деструктивна политика или градење на болници, училишта, патишта и нови фабрики. рече Димовски.
Така Собранието без СДСМ, која претходно ја напушти седницата, со 72 гласа „за“ усвои прва точка на дневниот ред да биде „распуштање на Собранието“, која ќе биде и пред усвојување на оставката на Груевски.