СДСМ ја напушти собраниската седница

by Фокус

Кратко откако почна собраниската седница на која треба да се изгласа оставката на премиерот Никола Груевски и да престане мандатот на Владата, опозициските пратеници ја напуштија салата, јавува НОВА.

Координаорот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, побара процедурално да се обрати по што опозициските пратеници ја напуштија собраниската седница.

-Јасно е дека доаѓа крајот на оваа криминална власт. Оставката е потврда дека во изминатиот изборен циклус се случуваа изборни грабежи. На Груевски му треба медиумски мрак и непрочистен Избирачки список. За СДСМ не се прифатливи избори без прочистен список и регулација на медиумите, рече Сугарески.

Претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ како и Груевски соопштија дека тие одлучиле на избори да се оди на 24 април, а на Државната изборна комисија ќе и оставеле да го прочисти Избрачкиот список до тогаш.

Поврзани новости