Усвоена оставката на Груевски

by Фокус

Собранието попладнево ја усвои оставката на премиерот Никола Груевски. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја констатираше оставката и рече дека со тоа престанува мандатот на целиот владин кабинет, а Владата останува во сила додека не биде избран нов владин состав. Груевски имаше право да дојде во Собранието и да ја образложи својата оставка, но тој тоа не го направи.

-Врз основа на Член 93, Став 3 од Уставот на Република Македонија, оставката на претседателот на Владата повлекува и оставката на Владата. Констатирам дека врз основа на Член 220 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, на претседателот на Владата и на Владата им престанува мандатот. Врз основа на Член 93, Став 5 од Уставот на Република Македонија, Владата останува на должност до изборот на нова Влада, рече на денешната седница претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Поврзани новости