ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе блокира улици

by fokus

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека и денеска ќе организираат протест пред Министерството за правда во 18 часот, а претходно во период од 15 – 17 часот своето незадоволство ќе го изразат со блокирање на крстосници. Од таму порачуваат дека остануваат на улиците се додека, како што велат, се погазуваат законите.

„Македонија повеќе не е демократска држава. Под водство на СДСМ е единствената земја во Европа каде пратеници се притвораат во судски монтиран случај. Пет отсто од пратеничкиот состав е во притвор, а на удар е секој кој кажа не, на антидржавните политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротивставува на оваа неправда, и ги повикува меѓународните организации да реагираат на уништувањето на демократијата во земјата“, се додава во соопштението.

Поврзани новости