ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата на Заев ја уништи правната држава, апси политички неистомисленици

by Fokus

„Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници. Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат државата.

„Хунтата на власт ја зароби правната држава и правосудните органи ги користи како средство за политички прогон на неистомислениците. Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата само затоа што не се согласуваат со политиките на Заев и СДС. Судовите и државните институции се целосно заробени и наместо по закон дејствуваат единствено по налог на Зоран Заев. Власта го погази Уставот и преку судството и институциите секојдневно влева страв кај граѓаните и го става на удар секој еден кој си ја сака државата – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости