МОН: Можно е зимскиот распуст да започне предвреме, но не го подржуваме бојкотот на наставата в среда

by Fokus

Министерството за образование не ја исклучува можноста зимскиот распуст да започне порано поради загаденоста на воздухот, објавува факултети.мк.

Тие додаваат дека активно ги следат состојбата и препораките на надлежните институции.

– Ако се утврди потребата, ќе размислиме за предвремено почнување на зимскиот распуст. Сепак, секој прекин на наставата мора да биде надоместен. Така, доколку зимскиот распуст почне порано, неработните денови би морале да се одработат и учебната година би завршила подоцна од 10 јуни. Или учениците би одработувале викенди во текот на второто полугодие затоа што вкупниот фонд на наставни денови мора да биде 180 за да се реализира фондот на предвидени часови, велат од МОН.

Сепак, од Министерството велат дека и покрај тоа што се свесни за овој голем проблем, нема да дадат поддршка на најавениот бојкот на наставата за в среда.

Поврзани новости