ВМРО-ДПМНЕ го одби барањето на Филипче за изградбата на Клинички центар- Нема да учествуваме во грабеж

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ го одби барањето на министерот за здравство, Венко Филипче да ги повлечат 2.000-те амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар и им понуди целосна контрола при изградбата на Клиничкиот центар.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот, но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа. Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра. Фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. Ниту Клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови, се вели во реакцијата на опозицијата.

Поврзани новости