ВМРО-ДПМНЕ го обвини Шилегов дека се фали со нивни проекти

by fokus

Подземните сообраќајници на кои Шилегов се повикува како таа кај Јужен булевар се проект на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа уште од 2012 година, кога е потпишан договорот со инвеститорот Лимак за изградба на станбено деловниот комплекс кој како обврска ја има подземната сообраќајница, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов треба и да се одлучи дали му се допаѓа барокот кога ги простира платната со неговиот лик и тој на Герасимовски или кога прават скапо платени прослави и гозби во објектите. Шилегов не направи ништо за Скопје, и после 4 години нема свој проект, па се фали со тие на Коце, и на една недела пред избори нема програма, па ја краде таа на Данела, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости