Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

by Fokus

Полска ќе инвестира повеќе од 2 милијарди евра во безбедноста и воспоставувањето на границата со Русија и Белорусија, која ја претставува и источната граница на Европската унија, изјави премиерот Доналд Туск.

„Одлучивме да инвестираме 10 милијарди злоти, или околу 2,34 милијарди евра, во нашата безбедност, а особено во обезбедувањето на нашата источна граница“, изјави Туск на новинарите кои го презентираа проектот наречен „Источен штит“.

„Овој фортификациски систем, кој ја зајакнува 400-километарската граница со Русија и Белорусија, ќе биде елемент на одвраќање, стратегија за отфрлање на војната од нашите граници“, додаде тој, прецизирајќи дека работата е веќе започната.

Полска, чија територија се граничи со руската енклава Калининград и Белорусија, како и со Украина, стравува дека ќе биде следната цел на Москва.

Поврзани новости