ВМРО-ДПМНЕ го нема, Собранието без кворум

by fokus

Собранието на Република Македонија денеска не можеше да обезбеди кворум, па претседателот Талат Џафери сите четири седници ги презакажа за задутре.

За некои од точките за збор се пријавија неколку пратеници, но половина час седницата беше прекината , бидејќи немаше кворум за да се гласа.

Иако имаше услови некои од седниците да продолжат со другите точки, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги прекинуваше седниците со образложение дека станува збор за предлози од опозицијата, која сега не учествува во работата на Собранието, па ќе се продолжи со тие точки кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врателе во собраниските фотелји.

Поврзани новости