Мицковски го информирал Бартол за „политичкиот прогон“ на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска придружуван од Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Македонија.

На средбата се разговарало за приоритетите на Република Македонија за нејзино членство во НАТО, актуелните политички случувања во земјата, како и за реформските процеси.

-На средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, истакна дека стратешка определба на Македонија е полноправно членство во НАТО . Мицкоски посочи дека членството на Македонија во НАТО останува интерес и цврста определба на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така на средбата Мицкоски го информираше Бартол за политичкиот прогон на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија од страна на власта, како и за одлуката за неучество во работата во Собранието на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги поддржи реформските процеси за кои ќе оцени дека е во интерес на државата, но исто така е потребна активност и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кои ќе ја потврди сериозноста во пристапот за реформските процеси кои треба да се спроведат.

Поврзани новости