Владата ќе вработува пилоти за Дирекцијата за заштита и спасување

by fokus

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информација за потреба на прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и беше донесен заклучок со кој се задолжуваат Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии и Дирекцијата за заштита и спасување за навремено изнаоѓање решение за потребата од ангажирање пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување.

Освен ова, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија – Четврт круг, на тема: „Превенција на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и обвинителите“ и го задолжи Министерството за правда да го достави до ГРЕКО вториот ситуациски извештај со кој ќе информира за целокупниот прогрес во однос на реализацијата на препораките.

Поврзани новости