599
Со пакети вода Кожувчанка се пречекуваат граѓаните пред зградата на Владата, каде за кратко ќе почне протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На протестот се собираат граѓани од целата Македонија, кои од своите градови до Скопје патуваат организирано, во автобуси.
Инаку, сопственик на Кожувчана е градоначалникот на Кавадарци и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.