ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници за претстојните локални избори

by irena 23:06
23:06

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се избрани уште шест кандидати за градоначалници за претстојнитее локални избори, закажани за 19 октомври.

Ова се имињата за кандидатите за градоначалниците за уште шест општини:

  • За скопската општина Кисела Вода, кандидатка за градоначалничка е Бети Стаменковска-Трајковска,
  • За Општина Кочани, партијата ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Владко Грозданов,
  • За Општина Старо Нагоричане, кандидат е Мирослав Славковски,
  • За Општина Дојран – Илија Тентов,
  • За Општина Долнени, кандидат е Сашко Велјановски,
  • За Општина Ранковце е Даниел Павловски.

Како што соопшти Марија Митева, членка на Извршниот комитет на партијата, кандидатите се избрани во транспарентен процес, а сите убедливо воделе и на сите внатрепартиски анкети и анализи.

Слични вести