ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на СДС криминално се богатат, а граѓаните добиваат намалување на платите

by Fokus

Функционерите на СДС криминално се богатат, граѓаните добиваат намалување на платите, а сè повеќе се шири сиромаштијата и бедата во земјава, реагираат од опозциската ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога СДС е на власт, насекаде владее криминал, корупција и непотизам. Заев и неговите криминални и непотистички кланови ја искористија власта за лично и семејно богатење. Братучедот на Заев, Трајче Заев, успеа да го купи гигантот „Герас Цунев“ кој се простира на површина од 7.000 квадратни метри и тоа за само 20.000 евра. Тоа е всушност сума на пари од кои може да се купи една гарсониера со површина од 20 квадратни метри. Генералниот секретар Драги Рашковски не ја испушти шансата да си ги постави своите роднини на високи државни функции. Исто така, сакајќи да го прошири своето лично богатство, се само назначи за член на одбор на ‘Телеком’ за секој месец да добива хонорар од 500 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости