Убиени се 13 луѓе при бунт во затвор во Мексико

by Fokus

Најмалку 13 затвореници беа убиени во судир на две банди во бунт кој избил во затвор во северната мексиканска држава Нуево Леон.

Судирот во затворот Кадерејта кој се наоѓа покрај градот Монтереј се случил во текот на ноќта.

„Протестот на затворениците во текот на ноќта излезе од контрола, еден затвореник е убиен, а неколку чувари се заложници“, вели Алдо Фасци, портпарол за безбедност на државата Нуево Леон.

 

 

Поврзани новости