ВМРО-ДПМНЕ: Фала Заев што ни ги промовираш проектите

by Фокус

-Би сакале да ти заблагодариме и што потсетуваш и ни ги промовираш проектите, новите над 300 автобуси со кои дневно се возат над 110 000 граѓани, новиот Аква парк, планот за изградба на модерен Луна парк, новите објекти кои се изградени за институциите да имаат седишта како секаде во светот и да не плаќаат скапи кирии како потстанари, што ти и со твоите монтирани материјали покажуваш дека сме луѓе кои се залагаат да се направат работи за да го подобрат животот на граѓаните и сме фокусирани да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале пред народот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната „бомба“ што ја објави опозицијата.

Од владејачката партија велат дека СДСМ со објавувањето на разговорите само потврдувала дека власта многу работи и дека има конкретни проекти кои ќе останеле како трајно наследство за народот и Република Македонија.

-Пет години, а особено последните пет месеци, трубеше на фанфари дека наводно во Скопје 2014 имало некаков наводен криминал, за денеска дури и со твоите креирани материјали да се увиди дека нема ни К од криминал, туку напротив има залагање за реализација на проекти кои се од интерес на сите граѓани и ние сме благодарни што и ти самиот со твоите креирани материјали тоа го потврди, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости