Форбс: Минчо Јорданов останува најбогат човек во Македонија

by Фокус

Сопственикот на голем број градежни и металуршки компании, Минчо Јорданов, веќе трета година е најбогат Македонец, според американскиот економски магазин „Форбс“. Магазинот го проценува неговото богатство во акции на 26,4 милиони евра.

Втор според богатството во Македонија е првиот човек на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски. Според „Форбс“, неговите акции имаат вредност од 22,5 милиони евра.

Во регионот првите три места ги држат хрватските бизнисмени Ивица Тодориќ, сопственик на Агрокор,  Бранко Роглиќ, сопственик на компанија за дистрибуција и Емил Тедески, сопственик на Атлантик груп.

Поврзани новости