Шилегов: Груевски со оставка може да се спаси од објавување на „бомбите“, но не и од доказите

by Фокус

Поднесувањето на оставка на премиерот Никола Груевски е основен предулов за да почнеме преговори за надминување на политичката криза преку преодна влада, која во текот на преговорите треба да се утврди дали ќе биде политичка, експертска, техничка, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во дебата на „Новатв“.

– Кога го отвориме процесот што го нарековме „Вистината за Македонија“ кажавме дека начинот на објавувањето може да престане со поднесување на оставка на актуелната власт, меѓутоа тоа никако нема да значи дека доказите со кои ние располагаме нема да ги дадеме на институциите кои се надлежни за преземање на кривично-правни дејства – рече Шилегов.

Поврзани новости