ВМРО-ДПМНЕ: Евро Заев суши лаже, Мицкоски имаше два договори, едниот со надомест другиот про боно

by fokus

Евро Заев продолжува да ја лаже јавноста, и не само што лаже туку суши лаже, порачуваат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ за објавата колку пари земал Мицкоски како советник на Груевски.

-СДСМ и Евро Заев од институцијата Влада на Република Македонија прават свој партиски штаб и вршат свесна манипулација. Вистината е дека не се констатира ништо поинаку и поразлично од тоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, претходно го соопшти на јавноста и во ТВ дуелот, и од тоа што самата влада го објави претходно, јавно на својата веб страница, а од каде може да се види дека има два договори од кој првиот неколку месечен кој се извршува за надомест со коефициент 1.8 и вториот кој се извршува про боно односно ангажманот е бесплатен, нешто што беше и коментирано од самиот Мицкоски во ТВ дуелот, а владата свесно претходно лажеше дека се работело за договор без информации за сумата, подмолно имплицирајќи дека се работи за некаков вртоглав износ, нешто што воопшто не е така. Бидејќи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, за разлика од СДСМ која се служи со подмолни и неточни информации нема што да крие, двата договори од неговиот ангажман ги доставува на увид на јавноста. Очигледно дека нервозата во СДСМ и Владата на Евро Заев е огромна. Ниту една лага од Заев пласирана за Мицкоски нема да ја сокрие вистината дека картелот на власт ја разграбува државата на дневна основа, а народот не живее подобро, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости