ДУИ за 16 години постоење се пофали со илјадници вработени во администрацијата

by fokus

Демократската Унија за Интеграција денеска одбележа 16 годишнина од основањето и во обраќањето до своите членови и поддржувачи се пофали со 12 последователни победи во сите изборни процеси во земјата, 4 конгреси од кои 3 изборни и 1 тематски и со илјадници вработени во администрацијата и приватниот сектор.

-Оваа 16-та годишнина, исто така, го означува заклучокот од тематското делување на Демократската Унија за Интеграција, која започна со уставните промени во согласност со Охридскиот договор, територијалната поделба, националните симболи, фер и правичната застапеност во државните институции, предводење на клучни функции во државата како претседател на Собрание, државен правобранител, народен правобранител, министер за одбрана, министер за внатрешни работи итн., заокружувајќи ја целосната инфраструктура во високото образование со легализација на ДУТ, отворањето на нови факултети и студенски домови, како и основањето на вториот албански државен универзитет во Скопје, заедно со многу училишта, детски градинки, спортски сали, плоштадите Скендербег, Илирија, на знамето, спомениците на Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери , Неџат Аголи, Пјетер Богдани, но и со институционалното одбележување на 100-годишнината од азбуката, 100-тиот роденден на Мајка Тереза и 100-тата годишнина од знамето, и исто така статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ, визната либерализација со земјите на ЕУ, отворање на висок дијалог за пристапување во ЕУ и препораки за отворање на преговори, затворање на спорот со Бугарија и се до целосното официјализирање на употребата на албанскиот јазик и на работ на решавање на прашањето за името што ќе овозможи датум за почеток на преговорите со Европската унија и покана за влез во НАТО. Оваа 16-годишнина не наоѓа како победници и горди дури и по повеќегодишна и интензивна координирана кампања за денигрирање на Демократската Унија за Интеграција со напади на сите можни начини, но не и со конкурентни понуди, програма, конкретни политики, работа и визија, се вели во обраќањето од ДУИ.

 

Поврзани новости