ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција е димна завеса, зад неа СДСМ краде

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека народот го прочитал Зоран Заев во неговата намера да ја избрише историјата, традицијата и културата и затоа ја избегна прославата на која што треба да се промовира промената на Уставот и идентитетот.

Според нив иднината на Република Македонија не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја, пријател на Македонија.

-Националниот идентитет не смее да биде монета за поткусурување на неспособни политичари кои се заинтересирани само да си обезбедат стипендии за своите деца. Името не е сопственост на криминалци на кои им е важно само да ограбат што е можно повеќе пари од граѓаните додека се власт. СДСМ докажаа дека единствено се кадарни да наместат тендери за фирмите блиски до нивното раководство. Во таа работа никако да згрешат. Кога станува збор за релизирање на проекти од значење на сите граѓани СДСМ се целосно неспособни. Владиниот тим не беше во состојба да направи разлика помеѓу знамиња на две различни држави при официјална посета на највисоко ниво. Канцеларот на Австрија Себастијан Курц беше непријато изнанаден од пречекот со знамето на Латвија. Аматеризмот и несериозноста на СДСМ ја посрамоти Македонија.
Договорот со Грција е само димна завеса додека во позадина се злопупотребува секоја можност да се украдат парите на граѓаните. Тој е максимално штетен. Граѓаните гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и идентитетот“, соопштува партијата.

Поврзани новости