Адеми: Не треба да се брза со реформите во образованието

by fokus

Битно е да имаме квалитетен закон и квалитетни реформи. Од искуство знаеме дека од брзање, од носење на брзи реформи, патат нашите ученици, нашите деца, затоа никој не треба да дозволи да се експериментира со децата, вели министерот за образование Арбр Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Министерот на прашање за тоа како би го оценил стартот на новата учебна година, вели дека не е се перфектно.

-Не би било коректно ако кажам дека сè е перфектно и дека не се соочуваме со предизвици. Значи, и оваа година, како и во минатото, се соочуваме со одредени предизвици и дел од нив се поврзани со промените кои треба да се реализираат во образовниот процес, со оглед дека образованието е систем кој перманентно треба да се надградува со новини, а исто има и предизвици со кои се соочуваме веќе подолг период како држава и институција, па дел од тие предизвици се од финансиски карактер. Но, дозволете да истакнам дека оваа учебна година почнува и со доста новини, па морам да признаам и успеси. Имаме 22 коригирани учебници за основците, па потоа секој од тие 22 учебници се набавени во целосен тираж, така што секој ученик ќе има нов и коригиран учебник. Потоа за најмалите од прво до трето одделение, секоја година, почнувајќи од оваа учебна година, ќе има нови учебници по сите наставни предмети.

Министерот одговара и на прашањето зошто доцнат реформите?

-Тоа што најавено, дел од тие најавени реформи секако дека ќе бидат инкорпорирани во новиот закон за основно образование. Ние работиме на тој закон интензивно и на експертско ниво, но се реализираат консултации и на политичко ново во смисла на изнаоѓање на најдобрите решенија со кои ќе се подобрува квалитетот во основното образование. Тоа што е ветено и предвидено во владината програма секако дека ќе биде обврска за нас и веруваме дека во определен рок ќе се финализира. Битно е да имаме квалитетен закон и квалитетни реформи. Ние имаме искуство и целото општество е запознаено дека од брзање, од носење на брзи реформи, патат нашите ученици, нашите деца, затоа никој не треба да дозволи да се експериментира со децата, но секако дека кратење на број на часови и доста новини кои се поврзани и со статусот на наставниците ќе бидат инкорпорирани во новиот закон за основно образование.

Поврзани новости