ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Каде ви се сега маичките со ликот на Јанева?

by fokus

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека железната тупаница на СДС со која се фалеа дека ќе донесе правда, Катица Јанева, денеска е прогласена за непожелна личност во САД, поради криминал и корупција.

Додаваат дека Јанева која за СДС беше синоним за правда, од денеска се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД.

„СДС даваше најголема поддршка на СЈО и Јанева, злоупотребувајќи го судството и обвинителството за пресметка со неистомисленици. Каде им се сега маичките со ликот на Јанева на функционерите од СДС денеска кога истата беше прогласена за непожелна личност на САД? Воедно, и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој излезе од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а направи неформална коалиција со СДС и Ковачевски, од денеска се наоѓа на црната листа на САД. На СДС и Ковачевски устите им се полни со прозападни вредности, со проевропски фронт, а всушност се во коалиција со луѓе криминализирани до гуша. Ковачевски само со такви корумпирани лица може да биде во коалиција. Ставањето на црната листа на Јанева и Јакимовски и нивните смејства го потврдува она кое што ВМРО-ДПМНЕ изминатите 7 години јавно го говори, а тоа е дека институциите во Македонија наместо да функционираат во интерес на граѓаните, тие ги штитат криминалците. Ставањето на црната листа на поранешната обвинителка Катица Јанева и Стевчо Јакимовски од ГРОМ покажува дека корупцијата „цвета“ во Македонија“, велат од партијата.

Поврзани новости