ВМРО-ДПМНЕ: Димова исплатила 270.000 евра грант на фризерница, на здравје бричење!

by fokus

Додека во граѓаните не можат крај со крај да врзат, гледаме дека функционерите во СДСМ си делат европски пари за едукација, образование, млади и спорт, на фризерници кои немаат врска со темата на проектот со кој што аплицирале, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Во сите други земји вакви како што видовме за овој проекти добиваат угледни школи, училишта и универзитети, додека пак во Македонија вакви проекти добиваат берберници и фризерници, иако условот за добивање на грант е правниот субјект да дејствува во областа на проектот. Затоа и на ова дереџе ни е дојдено образованието во Република Македонија.

Лидија Димова, директорката од СДСМ, исплатила европски пари 270.000 евра во рок од 3 години преку неколку грантови на фризерски салон или берберница со две столчиња, сеедно, каде што една од темите на грантот за оваа година била фризерницата да едуцира за медиумска писменост во дигиталното опкружување. Неверојатно.
Епа народе, на здравје бричење од страна на СДСМ. Граѓаните во сиромаштија, функционерите на СДСМ во луксуз.

Имено за лицето Зоран Златковски кој е сопственик на фризерницата се знае дека бил обучувач на наставници во агенцијата со која раководи Лидија Димова и познато е дека близок нејзин пријател од порано од граѓанскиот и партискиот активизам на СДСМ.
Ова е класична злоупотреба на пари во институција, каде што треба да се поведе соодветна постапка.

Јавното обвинителство за организиран криминал до сега требаше да биде влезено во агенцијата со која раководи Лидија Димова и да има отворено истрага. Но, тоа нема да се случи доколку не се изврши јавен притисок, бидејќи со тоа Јавно обвинителство командуваат Русковска и Зоран Заев.
Ова е тажната вистина за Македонија. Некој зема одвај минималец плата или не зема воопшто, но затоа некој функционер на СДСМ доделува 270.000 евра за 3 години на фризерница како грантови за едукација, рече Арсовски.

Поврзани новости