ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протест поради цените на струјата

by Fokus

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот најави дека денеска ги почнуваат серијата граѓански протести во организација на опозицијата. Имаме скапа струја, а сиромашен народ, е првата причина за која ќе протестираме, рече Мицкоски.

Протестот ќе почне во 18 часот пред Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.

-Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија, рече Мицкоски.

Тој ги повика опозициските партии и невладините организации и поединци на формирање опозициски фронт „против мафијашката влас која се богати преку грбот на народот.

-Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ. Мафијата не се урива со една битка, туку со многу битки и труд. Ова е почеток на нивниот крај. Ние оттука тргнуваме, рече Мицкоски.

Поврзани новости