550
Првиот човек на препскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, побара премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев да го праша градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски дали има релација со иста градежна фирма, која, според Ристески, гради зграда и хотел во градот каде социјалдемократите синоќа оддржаа трибина.
-Еве, кога сте тука, прашајте го градоначалникот до каде е реализицијата на неговите изборни ветувања, прашајте го зошто на прилепчани им ги покачи сметките за вода за 60 отсто, иако им ветуваше за 20 отсто пониски. Прашајте го како исти фирми градат насекаде? Дали иста фирма гради зграда кај медицинското училиште и хотел во градскиот пазар? Прашајте го Јованоски дали тој има лична релација со оваа фирма? – рече Ристерски.