342
Со поднесувањето на речиси 35.000 амандмани не ни е целта да ја блокираме работата на Собранието, туку прашањето е зошто насилно се носи овој неуставен закон, рече Дарко Костовски ов ВМРО-ДПМНЕ.
„Некој од собраниските служби вчера ги фрли амндманите за законот за јазици во контејнер. Дали е oва oрганизирано и кој дал наредба? Бараме истрага за овој срамен чин. Законот кој насилно се носи е неуставен и ја уназадува употребата на македонскиот јазик“ рече Костовски.
Тој рече дека дел од амандманите кои се поднесени, се забелешка за законот кој според нив не е во согласност со Уставот.