Основачот на Ikea, Кампрад, почина во сон, на 91-година

by fokus

Милијардерот Ингвар Кампрад, кој го основа светски познатиот бренд Ikea на само 17 години, почнал мирно во сон на 91 година. Светски познатиот синџир продавници за мебел основан во Шведска, со седиште во Холандија, утрово ја потврди веста за смртта на основачот на компанијата.

Кампрад, еден од најголемите бизнисмени на 20. век, роден 1926 година, имал само 17 години кога го почнал бизнисот што денес има 300 продавници во 38 земји ширум светот.

Ikea, што на почеток функционирала само со испорака преку пошта, ја отвори првата продавница во 1958 година, две години откако еден од вработените добил идеја да ги размонтираат ногарките на масата за да може полесно да се спакува и транспортира производот.

Во објавата од компанијата на Twitter стои дека основачот на Ikeа ќе им недостига многу на сите во неговото семејство и на сите вработени.

Богатството на Кампрад се проценува на 3,5 милијарди долари, според пресметките на списанието Forbes.

Кампрад се повлече од позицијата главен извршен директор на компанијата во 2013 година и ја остави Ikea во рацете на синот Матијас, едно од неговите четири деца.

Поврзани новости