ВМРО-ДПМНЕ бара Рашковски да си поднесе оставка од Собранието на Телеком

by fokus

Драги Рашковски призна одговорност и поради тоа веднаш треба да си поднесе оставка и да се вратат парите земени од џебот на граѓаните односно од државниот буџет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата го обвинуваат генералниот секретар на Владата дека го прекшил законот за заштита на судир на интереси со тоа што во исто време членува во Собранието на акционери на Телеком.

„Законот е јасен. Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на владата да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат враќање на парите кои ги зеле бабата на Рашковски, која беше претседател на Комисијата за жалби, и кумашинот, Дејан Костиќ, чија адвокатска канцеларија склучи договори со Владата.

„Драги Рашковски треба да покаже доблест и морал и веднаш да си поднесе оставка од функцијата владин претставник во Македонски Телеком, кој сам незаконски се самоназначи на оваа функција и сам си го потпиша своето решение“, додаваат од партијата.

Поврзани новости