Пијан старец одел со пиштол по улица и се заканувал дека ќе пука

by fokus

Седумдесетгодишен скопјанец, кој бил под дејство на алкохол, на 9 јуни, со пиштол во раката се шетал низ скопската улица „Ѓорѓи Капчев“ и се заканувал дека ќе пука. Откако случајот бил пријавен, интервенирала полицијата, па еден од полицајците успеал да му го зеде пиштолот во кој имало пет куршуми.

Од СВР Скопје денеска известија дека против А.З. е поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

-На 09.06.2017 година, во Скопје на на ул. “Ѓорѓи Капчев”, по претходна пријава дека пријавениот во видно алкохолизирана состојба, се заканувал со огнено оружје, од страна на полициски службеници е одземено огнено оружје-пиштол Саугер кал. 7.65 мм со рамка со 5 куршуми, 63 куршуми кал. 7.65мм и дозвола за оружје која гласeла на име на починат од 2016 година, информираат од СВР Скопје.

Поврзани новости