ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Оливер Спасовски

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешмни работи Оливер Спасовски, обвинувајќи го за инцидентот во Струмица.

– Четири дена не се доволни за да се заборави крвавиот инцидент во кој полицијата раководена од Спасовски застрела две млади момчиња. Сите видоа дека за него е поважно да организира прес-конференција за извалкано возило отколку да изрази жалење и да им се извини на двете момчиња и нивните семејства затоа што полицијата под негова контрола пукаше во нив – изјави Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го прашува Спасовски дали знае како им е на родителите и роднините на момчињата?

– Се обидел ли да ги побара? Нема одговор на овие прашања бидејќи стилот на СДС е дека вакви прашања не заслужуваат одговор, а и од скап ручек на сплав во Свети Наум тешко е да се одговара на вакви непријатни прашања. Тоа е лицемерството на неспособниот и неодговорен министер кој сеκојдневно влегува од скандал во скандал. Тоа е лицемерството на неговата партија. Човечките животи ги множат со нула“, рече Павлоски.

 

Поврзани новости