ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Мила Царовска

by fokus

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува случајот на сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” и побара оставка од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

-Најстрашно е што не се знае дали е овој единствен случај кој поминал незабележан од надлежните институции и дали доколку девојчето не забременило за овој грозморен настан никогаш немало да се дознае. Според Законот за социјална заштита, МТСП врши надзор над спроведување на законот и врши инспекциски надзор над установите за социјална заштита одговорност од министерката Мила Царовска мора да има. Оставка на Министерката и директорката во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” е нешто најмалку што може да сторат во овој момент, рече Андоновска.

 

Поврзани новости