Мицкоски: Собранието не функционира бидејќи голем дел од пратениците се во странство

by fokus

Собранието може да функционира и ВМРО-ДПМНЕ не е политичка партија која што го спречува функционирањето на Собранието, напротив ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што води сметка за државните и националните интереси, рече денеска на прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Собранието може да продолжи да функционира, колку што сум запознаен голем дел од пратениците се надвор од државата и токму тоа е причината зошто Собранието во овој момент не функционира, рече Мицкоски.

Тој дополни дека поднесувањето на 35.000 амандмани за Законот за јазиците е во координација со актуелното раководство на партијата.

Поврзани новости