ВМРО-ДПМНЕ бара да се прогласи кризна состојба во Прилеп и Куманово

by Frosina Fakova

Единствен начин да се справиме со пандемијата во Прилеп и Куманово е да се прогласи кризна состојба во тие два града, смета опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тие реагираат на прес-конференцијата на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и порачуваат дека припадници на Армијата се доведени во опасност од контактите со лица заразени со корона вирус.

-Шекеринска наместо како по модна писта да се шета наоколу, треба да ги праша стручните лица во МО, кои ќе и кажат како е тоа можно. Дали Шекеринска знае колку припадници на Армијата се доведени во опасност од контактите со лица заразени со корона вирус во жариштата како Куманово и Прилеп. Не смее да се дозволи ескалација на состојбата. Ограничениот здравствен капацитет на Македонија нема да може да го издржи тоа. Со цел спречување на преголеми последици очекуваме СДСМ да се надмине себе си и својата суета и барем еднаш да донесе одлука во корист на граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости