ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето само на Боки 13 и Зоки Кичеец значи заштита на главата на октоподот

by Фокус

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните органи да испитаат дали специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го фалсификувала или злоупотребува боледувањето, кое го отвори по обелоденувањето на аферата „Рекет“, во чии рамки и беше одземен телефонот на Јанева за да се открие евентуална поврзаност со првоосомничениот Бојан Јовановски.

„Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, Катица Јанева, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ. На Јанева не може да и се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето. Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна“, велат од ДПМНЕ.

Поврзани новости