Вечерва од коалицијата ВЛЕН порачаа дека со добиените општини се втора политичка сила на македонската сцена. Според таборот на неколкуте партии од албанскиот блок обединети во една коалиција, вечерва се заокружи промената кај Албанците.
Башким Бакиу од ВЛЕН истакна дека издвојувале убедлива победа во Тетово со над 5000 гласови разлика, во Боговиње со 1400 гласови разлика, како и победи во Дебар, Долнени, Струга…
-Граѓаните зборуваа јасно и гласно дека повеќе не поминауват деструктвните лаги и манипулации на ДУИ. Време е Али Ахмети да поднесе оставка и партијата да се реформира. За Албанците во Македонија доаѓа светла иднина, рече Бакиу.
Бакиу порача и дека „ДУИ и Ахмети ги предале изборите во општините Кичево и Брвеница“ односно дека денеска заминал во посета на Тирана.
Биљал Касами од ВЛЕН останува градоначалник на Тетово и во следните четири години, откако победи во вториот круг локални избори, пред противкандидатот Бајрам Реџепи од НАИ.
„Граѓаните го кажаа својот став каде што во Тетово успеавме да победиме со 5.000 гласови предност од противкандидатот“, велат од ВЛЕН.
Во речиси 99% обработени податоци, Касами има 21.004 гласови, додека Бајрам Реџепи има 15.958.