723
Полека привршува регистрацијата на делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ за избор на нов лидер. Меѓу оние кои дојдоа е и Влатко Ѓорчев, кој не ги поддржа неговите блиски соработници Илија Димовски и Антонијо Милошоски кои не присуствуваат на Конгресот.
Меѓу присутните се и Миле Јанакиески, Емил Димитриев, Коце Трајановски, Елизабета Канческа – Милевска, Диме Спасов, Даниела Рангелова, Владимир Телески…
По завршување на регистрацијата, се очекува да се премине на интерна дебата на која збор ќе може да земе секој од делегатите.