Власта го отфрли предлогот на опозицијата за медиумски реформи

by Фокус

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги отфрли предлог измените на законот за Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, кој го поднесе опозицискиот СДСМ на барање на новинарските здруженија, со цел департизација на медиумската сфера.

Со овие законски измени се предвидуваа реформи во начинот на избор на членовите на советот на Агенцијата за медиуми и програмскиот совет на МРТ, кои би биле по предлог на невладини организации со долгогодишно искуство во медиумската облсат или на предлог на високообразовни институции.

Исто така, овие предлог-решенија, чиј идеен творец е белгискиот посредник во преговорите за реливзаиција на Пржинскиот договор, Питер Ванхојте, предвидуваа измени и во начинот на финансирање на МРТ, што би било целосно со 1 процент од државниот буџет.

Поврзани новости