Апелација ја отфрли жалбата за притвор на Грујевски

by Фокус 14:09
14:09
Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Специјалното обвинителство кое бараше да му се одреди притвор на началникот на УБК, Горан Грујевски, првоосомничен во акцијата за нелегално уништување на опрема за прислушување под кодно име „Тврдина“.
Судијата-портпарол Сафет Кадрии за 24 вести изјавил дека двостепеното одлучување веќе било искористено со жалбата пред кривичниот совет, според кој Грујевски треба да го напушти притворското одделение во Шутка и да замине во домашен притвор.
Од СЈО ќе се произнесат откако ќе го добијат решението од Апелациониот суд.

Поврзани новости