Власта го одби предлогот на опозицијата за набавка на возила за струмичката болница, па директорот бараше донации

by Фокус

Вчера јавноста беше сведок како директорот на струмичката болница бара донации за да набави болнички возила, а претходно власта го обдби нашиот предлог амандман токму за набавка на возила за болницата, реагира Дејанчо Ефтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како пратеници од струмичкиот регион поднесовме амандман на ребалансот на буџет, кој е во постапка, за прераспределба на 3,5 милиони денари за набавка на три амбулантни возила за Болницата во Струмица, но за жал пред неколку дена власта овој амандман го одби со образложение дека не е потребна таква набавка. Очигледно е дека власта или не ја знае состојбата во Струмичката болница или не сака да ги помогне капацитетите, само затоа што предлог амандманот на буџетот доаѓа од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ – рече Ефтимов.

Тој го оцени како крајно лицемерен одговорот на пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ, кој најави дека интервентно ќе се обезбедувало возило за Струмичката болница.

-Бидејќи Костадинов и Заев сакаа да пресметуваат колку болнички возила може да се набавуваат од продажби на други работи, еве да ги прашам колку болнички возила чини возниот парк на Заеви? Колку болнички возила можеа да се набават само од бентлито или од мајбахот на Заеви? Колку возила може да се набават ако се продаде барем возниот парк од четирицикли и луксузни мотори кои го поседува свитата на Заеви? – праша Ефтимов.

Поврзани новости