476
Изборот на новиот состав на Државната изборна комисија не треба да зависи од никакви други пакети и други закони, вели министерката за правда Рената Дескоска – Треневска.
Според неа, изборот на членови на ДИК е приоритет кој не треба да се условува со амнестии или други закони, како тие за формирање на техничка влада пред избори или за промена на моделот на финансирање на партиите.
-Ако се одолговлече изборот на ДИК, новиот состав може да се случи да влезе неподготвен во спроведување на референдумот за договорот со Грција – предупредува Десковска – Треневска.