Пешакот кој леташе неколку метри во сообраќајката кај Соборен храм со тешки повреди на мозокот, се бори за живот на КАРИЛ

by Fokus

Шеесет и петгодишниот Д.Б., кој вчера беше жртва во тешката сообраќајка што се случи на раскрсницата кај Соборниот храм се бори за живот на КАРИЛ.

„Пациентот е примен во многу лоша здравствена состојба, со многу тешки повреди на мозокот и со тешки телесни повреди по целото тело – потврди за „Фокус“, раководителката на КАРИЛ, доктор Маја Мојосвска.

Според информациите објавени во полицискиот билтен, вчера во 19,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди. Д.Б.(65) од  с. Волково- скопско бил пренесен и задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости