Владина делегација утре ќе положи цвеќе во чест на Денот на ВМРО

by fokus

Владина делегација по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври, утре во 10:30 часот ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.

Делегацијата ќе биде предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски во придружба на министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

Поврзани новости