Кумановец се бори за живот, откако спасил две деца во камион во движење

by fokus 13:57
13:57

Еден жител на Куманово е тешко повреден, откако вчера се обидел да запре камион во движење во кој бил две десетгодишни деца.

Како што информираат од МВР, настанот се случил вчера околу 15:35 часот во кумановската населба Карпош. Две деца на десетгодишна возраст влегле во товарно возило „ТАМ“ со кумановска регистрација, по што едно од нив го притиснало квачилото и возилото почнало да се движи. Во тој момент, О.Д. (38) од Куманово, кој седел во соседниот двор, забележал дека возилото со децата се движи и почнал да трча по него со намера да го сопре. О.Д. ја отворил предната лева врата и притоа удрил во бетонски столб, паднал и се повредил, а возилото застанало.

О.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Како итен случај бил пренесен во Клинички центар Скопје.

- Advertising -

Поврзани новости